• петок, 05 декември 2025

Министерот Лимани се сретна со амбасадорот на Државата Катар, Ал- Хајарин

Министерот Лимани се сретна со амбасадорот на Државата Катар, Ал- Хајарин

Скопје, 22 мај 2025 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со в.д. амбасадорот на Државата Катар во Република Северна Македонија, Н.Е Рашид Бин Саид Ал- Хајарин.

Како што информираат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, на првата протоколарна средба двајцата соговорници изразиле задоволство од истата и уверување дека соработката помеѓу двете земји ќе продолжи со заеднички влогови за зголемување на нејзиниот интезитет.

Соговорниците зборувале за размена на позитивни искуства во областите кои се во надлежност на министерството за социјална политика, демографија и млади, со акцент на унапредување на социјалната заштита, политики за семејствата и младите.

Притоа акцентот бил ставен и на унапредувањето на квалитетот на живот на лицата со попреченост особено овозможувањето на дигитална инклузија на овие лица. Државата  Катар претставува инспирација за големиот напредок во оваа област, а особени заслуги има шеиката Моза, мајката на сегашниот емир на Катар.

Амбасадорот на Катар упатил покана до министерот Лимани за посета на неговата земја, во насока на зацврстување на билатералната соработка во областите под негова надлежност.фф/аа/

Фото: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Остани поврзан