Министерот за европски прашања Муртезани во посета на Ирска
- Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, од денеска престојува во работна посета на Ирска, во чии рамки се планирани средби со министерот за европски прашања и одбрана, Томас Брн, како и со членовите на Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот парламент (Oireachtas).
Скопје, 3 јули 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, од денеска престојува во работна посета на Ирска, во чии рамки се планирани средби со министерот за европски прашања и одбрана, Томас Брн, како и со членовите на Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот парламент (Oireachtas).
Како што информираат од МЕП, дискусиите на состаноците ќе опфатат теми за европската перспектива на Северна Македонија и регионот, поддршката од Ирска во процесот на пристапување во Унијата, во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, продлабочување на билатералната и институционалната соработка.
На состаноците ќе се разговара и за прашања поврзани со безбедносна политика на ЕУ во контекст на новите геополитички предизвици и политиката на проширување како нивен одговор. сст/дма/
Фото: МИА архива