• недела, 22 декември 2024

Министерот Велковски во работна посета на Кратово и Крива Паланка

Министерот Велковски во работна посета на Кратово и Крива Паланка

15 март 2024 

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска во рамки на теренските активности ги посети Центрите за социјална работа во Кратово и Крива Паланка, Дневниот центар за лица со посебни потреби во Кратово и Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во Крива Паланка, каде што изврши увид во работењето на истите.

Затекнатите проблеми како во Центрите за социјална работа во Македонија, така и во центрите за грижа на стари лица и лица со посебни потреби се исти, недостаток на стручен кадар, не инвестирање во просторните капацитети и лоши услови за работа на вработените. Ова беа дел од работите коишто беа посочени и за време на работната средба со вработените во центарите во Кратово и во Крива Паланка и решенијата коишто министерството за труд и социјална политика ќе ги преземе во новата влада по 8 мај.

„Во изминатиот период посетивме повеќе центри во градовите низ Македонија, правиме увид на моменталната состојба, разговараме со сите вработени и одговорни лица бидејќи е важно да ги слушнам проблемите со кои што тие се соочуваат во процесот на работа и како да ги надминеме истите преку реални, брзи и ефективни системски решенија на кои ќе настапиме веднаш по завршување на изборите на 8 мај. Недостатокот од стручен кадар поради неможноста да се лиценцираат е сериозен проблем, а и оној стручен кадар којшто го имаме ги напуштале работните места поради лошите услови и непродуктивните реформи во изминатите неколку години. Ова ќе го промениме. Ќе обезбедиме достојни услови за работа и задоволување на постоечките капацитети со нов кадар“, порача министерот Велковски.

Посетата на министерот Велковски во Кратово и Крива Паланка наиде на огромен интерес за средба кај пензионерите од овие две општини, коишто јасно ги истакнаа нивните барања, односно линеарно пресметување кое ќе овозможи реално покачување на пензиите за сите пензионери во Македонија.  

 

Министерство за труд и социјална политика

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.


 

 

Остани поврзан