• петок, 05 декември 2025

Министерот Алиу се сретна со хрватската амбасадорка, во фокусот на средбата зајакнување на билатералната соработка

Министерот Алиу се сретна со хрватската амбасадорка, во фокусот на средбата зајакнување на билатералната соработка

Скопје, 21 јули 2025 (МИА) - Министерството за здравство негува долгогодишна и успешна билатерална соработка со Република Хрватска во областа на здравството. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за здравство Азир Алиу со хрватската амбасадорка во земјава Нивес Тигањ.

На средбата, како што информира Министерството за здравство, се разговараше за можностите за размена на искуства и добри практики меѓу двете земји, особено во делот на реформите во здравствениот систем, дигитализација и управување со човечки ресурси.

- Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на институционалната соработка и натамошна реализација на заеднички иницијативи, се наведува во соопштението. мд/ев/

Фото: Министерство за здравство

Остани поврзан