• сабота, 23 ноември 2024

Министерката Царовска во посета на средни училишта во Струмица во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“

Министерката Царовска во посета на средни училишта во Струмица во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“
Струмица, 12 мај 2021 (МИА) - Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ги посети средните општински училишта „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ во општина Струмица во рамки на втората фаза од кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“. Царовска истакна дека средното стручно образоавние го изгубило својот сјај низ годините, но, оти обврска е тој да се врати. -Заради тоа што стопанството со години бара стручен кадар, кој ќе им помогне на компаниите да се развиваат, затоа што не може да очекувате економски раст и развој за 15 години од денеска, а притоа да заборавите дека учениците, кои денеска се во образовен систем, ќе бидат тие коишто треба да го донесат тој раст и развој. Токму затоа како Влада заедно со локалните самоуправи, со директорите одлучуваме силно да вложиме во промените кои се нужно потребни во образовните системи и во основното и во средното образование, рече министерката Царовска. Додаде дека од тие причини е денеска во посета на средните стручни училишта за да ги поткрепат  и да имаат зголемен број на запишани ученици, особено во дуалните паралелки, кои се отвораат во согласност со потребите на реалните компании. -Дуалните паралелки имаат значително зголемен процент на практична настава во компаниите, но, исто така и практична настава во училиштата. Дополнително како мотивација, Министерството за образование и наука и Владата утврдија стипендии од 3.500 денари месечно за секој ученик кои се во дуалните и тригодишните струки за да можеме да покажеме дека со таков тип на стимулации учениците ќе можат подготвени да имаат повеќе практична настава и во компаниите, подвлече министерката за образование и наука, Мила Царовска. Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски рече дека Општината како одговорна за нејзиниот економски развој ја целосно ја поддржува кампањата „Учи паметно, работи стручно“. -Сведоци сме дека на пазарот на трудот се нудат профили кои го заситуваат пазарот, а од друга страна има недостиг од одредени профили кои стопанството жедно ги бара и затоа преку овој проект заедно со стопанските  субјекти понудуваме профили кои ним им требаат, рече градоначалникот Јаневски. Директорот на СОУ „Никола Карев“, Драган Јанков, инфомираше дека се отворени три дуални паралелки  во машинската, сообраќајната и градежно-геодетската струка, каде се образуваат ученици кои по завршувањето, во соработка со компаниите, ќе можат да се вработат. Во училишните дворови учениците и професорите од двете средни стручни училишта во Струмица на штандови ги презентираа своите достигнувања и можностите што ги нудат училиштата за стручно образование. рт/сст/    

Остани поврзан