Министерката Петровска и армиските припадници заедно со граѓаните за Денот на независноста
- По повод Денот на независноста, министерката за одбрана Славјанка Петровска и припадниците на Армијата беа заедно со граѓаните на Скопје и Северна Македонија, на отворениот ден кој беше организиран со припадниците на Министерството за внатрешни работи во Градскиот парк.

Скопје, 8 септември 2023
По повод Денот на независноста, министерката за одбрана Славјанка Петровска и припадниците на Армијата беа заедно со граѓаните на Скопје и Северна Македонија, на отворениот ден кој беше организиран со припадниците на Министерството за внатрешни работи во Градскиот парк.
Граѓаните можеа одблизу да видат различен вид опрема и дел од возилата на македонската Армија вклучувајќи ги и најновите JLTV оклопни возила, а ја проследија и изведбата на Воениот оркестар на Армијата. На отворениот ден беше преставен и дел од опремата на МВР.
Армијата постои за граѓаните и нивната безбедност и токму затоа најголемиот државен празник, 8. Септември армиските припадници го поминаа заедно со македонските граѓани. Министерката Петровска им го честита Денот на независноста на сите граѓани.
Министерство за одбрана
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.