• среда, 10 јули 2024

Министерката Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Министерката Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Предавање на сите ревизорски извештаи досега кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика и договарање на процес на постојана редовна ревизија на сите институции, било договорено на денешната средба на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески.

- Несериозен е однос кон ревизорските извештаи коишто со години забележување и нотирале и згора на тоа информирале за криминал во институциите како што се ЕСМ, МЕПСО, РЕК Битола, а никој не реагирал. Ова веќе ќе престане како пракса, секој што направил криминал или ќе се обиде да направи криминал во делот на енергетиката ќе се мора да одговара. Нема да имам никаква толеранција кон секој оној кој го прекршил законот, изјавила министерката Божиновска на средбата со Ацески, соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Главниот ревизор, се додава, на средбата укажал на досегашните извештаи за работата на овие институции и нотирани неправилности.

-По средбата со Ацески ќе стапиме во комуникација со надлежните институции за иницирање на постапки за проверка на сите регуларноста истакни во ревизорските извештаи. Во текот на вчерашниот ден, министерството испрати и допис до Биро за метрологија, Државен инспекторат за техничка инспекција, Агенција за задолжителни нафтени резерви, Геолошкиот завод, АД МЕПСО, ЕСМ, Национален оператор на пазар за електрична енергија, АД НОМА ГАС, ЈП „Стрежево“, Агенција за енергетика за доставување на извештај за спроведените активности изминатите 4 години и финансиската состојба во која се наоѓаат институциите, соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. цр/нд/

Фото: Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

 

Остани поврзан