• понеделник, 12 октомври 2026

Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево доби 1.180 нови столчиња

Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево доби 1.180 нови столчиња

Делчево, 13 септември 2026 (МИА) – Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево доби нов, поуреден и пофункционален изглед со поставувањето на 1.180 нови столчиња, донација од Фудбалската федерација на Македонија.

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, изрази благодарност до претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и до Фудбалската федерација на Македонија за донацијата и поддршката, истакнувајќи дека со поставувањето на новите столчиња стадионот добива изглед каков што заслужува.

-Посебна благодарност упатуваме и до општествено одговорните фирми, како и до сите луѓе кои доброволно се вклучија и помогнаа во поставувањето на столчињата. Со заеднички ангажман, нашиот стадион добива лик каков што заслужува, порача Гоцевски.

Тој упати повик до љубителите на фудбалот од Делчево да ги исполнат новите трибини и да им дадат поддршка на фудбалерите на Брегалница.

Денеска на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Делчево ќе биде одигран и првиот натпревар на ФК Брегалница 1926 Делчево во новата сезона од Третата фудбалска лига – Исток. Делчевскиот тим ќе се сретне со екипата на ФК Турново.

Натпреварот е закажан за 16:30 часот, а од Општина Делчево ги повикаа сите љубители на фудбалот да дојдат на стадионот и со поддршка од трибините да им помогнат на домашните фудбалери да ја започнат сезоната со победа. вс/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа