Без вода дел од Бит Пазар, без струја дел од Бардовци
- Поради планирано исклучување на водоснабдувањето утре без вода од 9 часот ќе бидат корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“, „Крсте Мисирков 14“ и Амбулантата Бит Пазар.
Скопје, 13 септември 2026 (МИА) - Поради планирано исклучување на водоснабдувањето утре без вода од 9 часот ќе бидат корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“, „Крсте Мисирков 14“ и Амбулантата Бит Пазар.
Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.
Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, информира и за прекини во електродистрибутивната мрежа.
Во периодот од 09 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата 6 во Бардовци. бак/аа/
Фото: МИА архива