• петок, 05 декември 2025

Минатата недела санционирани 180 непрописно паркирани возила во Центар

Минатата недела санционирани 180 непрописно паркирани возила во Центар

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционирале 180 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 20-ти до 26 мај 2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 105 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 75 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП „ПОЦ“.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел, како што велат да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар. сст/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан