• недела, 22 декември 2024

Милошоски: Владата се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична одговорност

Милошоски: Владата се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична одговорност

Скопје, 19 март 2024 

Владата на ДУИ& СДСМ се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична соработка со САД и да отвори истраги против Рамиз Мерко, Катица Јанева и другите владини пријатели кои се дел од "црната листа" на официјален Вашингтон

За потсетување, Македонија веќе има усвоено
ЗАКОН ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА ВО КРИВИЧНАТА МАТЕРИЈА
(Собрание, едногласно усвоен на седницата одржана на 2 април 2021), потпишан од претседателот Пендаровски и објавен во Службен Весник.

Во овој закон предвидена е можноста домашен надлежен орган (мин.правда или јавното обвинителство) да испрати ЗАМОЛНИЦА за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава (чл.16).

Со ЗАМОЛНИЦАТА, која се доставува преку министерството за правда, од странската надлежна институција се бара достава на списи, информации и материјални докази за одредена предистрага, истрага или тековен судски предмет за физичко и/или правно лице.

Овој закон (чл.35) овозможува и формирање на заеднички истражни тимови за истражување и гонење на кривични дела, а договорот за заеднички истражен тим го склучува државниот обвинител на Македонија.

Во чл.39 од Законот за меѓународна кривична соработка дури е предвидено и секое истражно дејствие што го превземал надлежен орган на странската држава да биде изедначено со соодветно дејствие во кривичната постапка пред домашните институции.
....
Сумарно: Владата, министерот за правда и ЈО, доколу имаат политичка воља за сериозна борба против корупцијата, имаат важечки законски основ без одолговлекување преку м.правда веднаш да испратат замолница до надлежните органи на САД за достава на сите документи, списи, докази и информации за Рамиз Мерко, Катица Јанева, Стевчо Јакимовски и другите лица на "црната листа".

Државниот јавен обвинител може веднаш да оформи заеднички македонско-американски истражен тим и да поведе самостојна или заедничка истражна постапка и да оформи/ да процесуира кривично-правни предмети пред надлежните институции во Македонија.

Овој Закон добро е да се надгради и синхронизира со дополнителен закон за рестриктивни мерки, за што претставниците на стручната фела ценат дека е потребна квалитетна јавна расправа. Сметам дека Собранието треба да биде организатор и домаќин на една таква јавна расправа на која главниот збор ќе го имаат претставниците на судската фела, претставници на обвинителството, адвокати и професори по кривично право. На ваквата јавна расправа многу ќе користи и присуството на експерти за рестрикции и санкции од САД и ЕУ, за да имаме одржливо унапредување на позитивните норми во оваа регулирана област за меѓународна соработка во кривичната материја

Фејсбук на статус на Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан