• четврток, 21 ноември 2024

Милошоски:Македонија се соочува со страшна здравствена криза која секојдневно одзема животи и тоа во овој момент е поважно од се, а не попис

Милошоски:Македонија се соочува со страшна здравствена криза која секојдневно одзема животи и тоа во овој момент е поважно од се, а не попис
Скопје, 24 март 2021 Во вечерашното издание на дебатната емисија на ТВ Стар Штип гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација, нефункционалното Собрание, како и на следните чекори кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги превземе во однос на политичката ситуација во Република Македонија. Милошоски потенцираше дека Зоран Заев наместо да има емпатија кон сопствениот народ и да размисли малку повеќе дали е потребен попис во овој момент, тој упорно го турка пописот, иако истиот најверојатно ќе придонесе за зголемување на и онака огромните бројки на заболени и починати сограѓани. Тој додаде дека граѓаните не се чувствуваат безбедни и не посакуваат попис, иако власта им се заканува со казни и кривична одговорност Јасно е дека попис во Република Македонија е потребен и несомнено тој ќе треба да се случи, но во овој момент пописот претставува лудост на власта. Македонија се соочува со страшна здравствена криза која секојдневно одзема животи и тоа во овој момент е поважно од се, а не попис кој согласно договорите на Заев и некои лидери ќе биде фингиран, вели Милошоски. "Венко Филипче една година докажува дека не е способен да раководи и да ја менаџира кризата во Македонија. Здравството е урнисано, здравствените работници се преморени од работа, а истовремено работат без потребните заштитни опреми, како и апарати потребни за лечење на пациентите. Изминатите дваесетина дена сведочиме на енормно зголемување на бројот на заболени и за жал починати, денес починаа две девојки на 23 и 24 години. Тоа е премногу тажно и жално и јас како родител сочувствувам со нивните семејства за овие загуби. Ние како политичари, пред се треба да сме свесни за последиците од пописот. Јас како родител и возрасен човек, нема да примам никој попишувач, доколку истиот не ми покаже белешка дека е вакциниран", истакна Милошоски. Здравствените работници, комисијата за заразни болести и сите инволвирани во здравствениот систем треба да пратат апел кон властите и да им укажат дека пописот навистина ќе влијае врз здравјето на граѓаните. Мора да покажеме зрелост и да бидеме емпатични и грижливи кон своите граѓани, бидејќи бројките на починати досега се навистина поразителни, додаде Милошоски На крајот на краиштата, пописот кој власта сака да го спроведе не е ниту малку статистичка операција, туку партиско политичка операција која што Зоран Заев ја турка со задни намери. Ако на Зоран Заев му е поважно да спроведе попис, независно од тоа дали ќе се соочиме со нови жртви, тогаш нека ги казнува граѓаните и нека ги става на ризик нив и нивното здравје. Но, за таквото однесување Заев ќе мора да сноси ригорозни последици, заврши Милошоски. Милошоски потенцираше дека оваа Влада предводена од СДСМ, поточно од Зоран Заев, има премногу нестабилно мнозинство и многу тенок легитимитет. Тој даде дека слабото мнозинство се отсликува и на работата на Собранието, бидејќи веќе подолго време власта не може да одржи седница со присуство на сите пратеници од мнозинството. Покрај недоаѓањето на сите пратеници на собраниските седници, забележливо е дека помеѓу пратениците од мнозинството нема соработка, туку напротив владее некое сузбивање кое што се одразува на работата на Собранието на Република Македонија, што значи блокада на развојот и помош на граѓаните, вели Милошоски. "Петтиот пакет кој предвидува помош за граѓаните беше повеќе од неопходно за гласање, но власта сака покрај тоа да протурка и други работи кои ќе ја затскријат нивната неспособност. Тоа е единствената вистина за блокирањето на законот, иако власта ја обвинува опозицијата речиси еден месец. Ова се калкулации и одолговлекувања на власта, затоа што знаат дека буџетот не е во добра кондиција и немаат пари да исплатат на стопанствениците и токму затоа сакаат да пролонгираат некој месец повеќе", додаде Милошоски. Граѓаните имаат можност да видат како власта функционира, односно како таа не функционира, иако кога требаше да се делат пари на Макпетрол и други олигарси блиски на власта, тогаш власта беше кохезивна и знаеше да учествува во парламентот. Тоа се тие двојни аршини кои власта ги применува, а се на штета на обичните граѓани, истакна Милошоски. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предложуваше амандмани со цел да се доработат многу закони, како оној за пописот, така и овој за петтиот пакет мерки, но власта не сакаше да соработува и да ги признае грешките. Токму затоа своеглаво ги туркаат законите, само за да кажат пред јавноста дека нешто сработиле, а реалната слика е дека самата власт е главен кочничар на процесите во Собранието на Република Македонија, заврши Милошоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ——– МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан