• недела, 22 декември 2024

Милиќ: Пленковиќ не е поразен со влезот во постизборна коалиција со ДП

Милиќ: Пленковиќ не е поразен со влезот во постизборна коалиција со ДП

Загреб, 7 мај 2024 (МИА) – Портпаролот на хрватската влада, Марко Милиќ денеска изјави дека лидерот на ХДЗ и премиер на техничката влада, Андреј Пленковиќ не е поразен со влезот во постизборна коалиција со Татковинското движење (ДП) и со поддршка на некои малцински претставници.

- Ги знаете резултатите од изборите. Не сме во позиција сами да формираме мнозинство. Единствена политичка реалност беше формирањето на Влада на ХДЗ во партнерство со Татковинското движење, посочи Милиќ.

За денеска е закажана нова средба на преговарачите меѓу ХДЗ и ДП, на која се очекува да се утврди парламентарното мнозинство и ќе почне дебата за поделба на ресорите.

Според хрватските медиуми, ДП неофицијално бара четири министерства – демографија, енергетика, земјоделство и култура. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан