• сабота, 21 декември 2024

Милитао ќе ги пропушти натпреварите во Бразил поради повреда

Милитао ќе ги пропушти натпреварите во Бразил поради повреда

Мадрид, 7 октомври 2024 (МИА) – Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао, поради повреда ќе ги пропушти претстојните натпревари на Бразил на јужноамериканскиот квалификациски турнир за Светското првенство во 2026 година, објави „Атлетик“.

Дваесет и шестгодишниот фудбалер се здоби со повреда на левата натколеница и нема да може да учествува на натпреварите на репрезентацијата против Чиле (11 октомври) и Перу (16 октомври). 

Времетраењето на закрепнувањето на дефанзивецот не е прецизирано.

Во сезоната 2024/25, Милитао учествуваше на 12 натпревари на Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и една асистенција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан