Милинковиќ - Савиќ: Никогаш не престанавме да веруваме
- Фудбалерите на Ал Хилал постигнаа одличен резултат со пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство откако по продолжение го елиминираа фаворитот премиерлигашот Манчестер Сити
Орландо, 1.јули 2025 (МИА) - Фудбалерите на Ал Хилал постигнаа одличен резултат со пласманот во четвртфиналето на Светското клупско првенство откако по продолжение го елиминираа фаворитот премиерлигашот Манчестер Сити.
Одличен натпревар одигра српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ - Савиќ.
- Адреалинот е навистина на високо ниво по ваква победа, како оваа вечерва. Во ниту еден момент не преставме да веруваме. Викавме и славевме во соблекувалната, изјави Милинковиќ - Савиќ.
Голема беше радоста и кај навивачите на Ал Хилал, кои надвор од стадионот го прославуваа триумфот на својот тим.
Ал Хилал во четвртфиналето на 4.јули ќе игра против бразилската екипа Флуминенсе.
Вечерва се играат последните два осминафинални дуели: Реал Мадрид - Јувентус и Борусија Дортмунд - Монтереј. мн/
Фото: ЕПА