• петок, 22 ноември 2024

Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Албанија

Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Албанија
Скопје, 17 октомври 2022 (МИА) - Македонската женска репрезентација составена од фудбалерки до 17 години на почетокот на неделата ги започнува квалификациите во рамките на лигата Б за пласман на Европско првенство 2023 година што ќе се одржи во Естонија. - Македонија во периодот од 18 до 24 октомври во Драч, ќе биде учесник на квалификацискиот турнир од групата 2, заедно со селекциите на Молдавија, Косово и домаќинот Албанија. Во првото коло од квалификациите отвораме против Албанија на 18 октомври. Три дена подоцна играме против Косово. Последниот натпревар со Молдавија е закажан за 24 октомври, соопшти ФФМ. Селекторот Катерина Милеска за турнирот во Албанија се одлучи да ги повика следните фудбалерки: Голмани: Мери Васева (Плачковица), Миа Петровска (Џи Џи); Одбрана: Рона Рустеми (Шкендија), Слаѓана Ѓорѓиева (Тиверија), Катерина Петкова (Истатов), Ива Јовановска (Љуботен), Евгениа Дамева (Трелеборгс, Шведска), Кристина Крстева (Скопје), Елена Љондевска (Деспина); Среден: Васка Василева (Тиверија), Никица Трендова (Тиверија), Емилија Петковска (Атлетико), Михаела Додевска (Скопје), Миа Велинова (Борец), Диелза Ибраими (Ас Јунајтед); Напад: Мелиса Димитриоска (Атлетико), Ана Боризоска (Деспина), Анастасиа Илиевска (Деспина), Јована Павловска (Деспина), Емили Митковска (Речица). зс/

Остани поврзан