• петок, 22 ноември 2024

Милер и Хумелс по три години се враќаат во репрезентацијата на Германија

Милер и Хумелс по три години се враќаат во репрезентацијата на Германија
Берлин, 19 мај 2021 (МИА) – Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јоаким Лев, го објави списокот со играчи кои ќе конкурираат за настап на Евро 2020. Помеѓу 26-те повикани се и дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс и напаѓачот на Баерн, Томас Милер. Тие немаат играно за националниот тим од ноември 2018 година. Лев ги повика следниве фудбалери: Голмани: Бернд Лено, Мануел Ноер, Кевин Трап; Одбрана: Матијас Гинтер, Робин Гозенс, Кристијан Гинтер, Марсел Халстенберг, Матс Хумелс, Лукас Клостерман, Робин Кох, Антонио Рудигер, Никлас Суле; Среден ред и напад: Емре Џан, Серж Гнабри, Леон Горецка, Илкај Гундоган, Кај Хаверц, Јонас Хофман, Џошуа Кимих, Тони Крос, Томас Милер, Џамал Мусиала, Флоријан Нојхаус, Лерој Сане, Кевин Фоланд и Тимо Вернер. Репрезентацијата на Германија се наоѓа во Ф-групата заедно со Унгарија, Португалија и Франција. зс/

Остани поврзан