• петок, 05 декември 2025

Милевски: Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел

Милевски: Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел

Гент, 10.октомври 2025 (МИА) – Најдобрата македонска фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 во Гент го игра дуелот против фаворитот во групата селекцијата на Белгија. По одработените мини-подготовки нашата репрезентација ја очекува тежок натпревар.

-  Можам да кажам дека сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие квалификации, туку и во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со речиси загарантиран плејоф. Тоа е изворот на енергијата што ни е потребна за да се движиме напред. Белгија има неверојатен ростер, тие се и понатаму фаворити во групата, но ние продолжуваме да сонуваме и не очекуваат решавачки натпревари. Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел. Имаме прекрасни момци, кои секогаш го даваат максимумот и се тука за Македонија“, изјави селекторот Благоја Милевски.

На првиот натпревар во групата меѓу двете репрезентации одигран во јуни во Скопје немаше победник и дуелот заврши 1:1. мн/

Фото: ФФМ

Остани поврзан