Милевски: Би било добро да почнеме со победа против Лихтенштајн
- Македонската фудбалска репрезентација утре против Лихтенштајн во Вадуц го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2026.

Вадуц , 21 март 2025 (МИА) - Македонската фудбалска репрезентација утре против Лихтенштајн во Вадуц го започнува квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2026.
На официјалната прес-конференција, селекторот Благоја Милевски изјави дека максимално се подготвуваат за натпреварот.
-Би било добро да почнеме со победа и да ја продолжиме серијата позитивни резултати, но до бодови можеме само со нашето најдобро издание, изјави селекторот.
Изрази задоволство што фудбалерите играат во своите клубови, откако минатата година имавме проблеми со неиграњето на репрезентативците во клубовите.
-Но, тие секогаш даваа максимум кога играа за селекцијата. Верувам дека сега ќе биде само подобро. За да победите мора сите линии да се на високо ниво, сите фудбалери се битни и нашиот фокус е да функционираме до максимум. Неколку фудбалери не можат да ни помогнат заради повреда, го имам стартниот тим во главата и верувам дека сите ќе бидат здрави по последниот тренинг. Имаме максимален респект и убеден сум во максимален пристап, истакна тој. дс
Фото: Архива