• вторник, 03 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Милвоки бакс во резултатска криза

Милвоки бакс во резултатска криза

Милвоки, 31 март 2025 (МИА) - Милвоки ноќеска загуби од Атланта и го доживеа четвртиот пораз во низа. Бакс на свој терен беа поразени со 124:145 во меч од регуларниот дел на НБА-лигата.

Најефикасен кошаркар на теренот беше напаѓачот на Хокс, Закари Ризаше, кој постигна 36 поени. 

Кај домаќините се истакна Јанис Адетокунбо со 31 поен.

Милвоки го доживеа четвртиот пораз во низа и со 40 победи во 74 натпревари е на шестото место во Источната конференција, додека Атланта со 36 победи во 74 натпревари е на седмата позиција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан