• петок, 17 мај 2024

Милатовиќ денеска ги почнува консултациите со партиите за мандатар на новата црногорска Влада

Милатовиќ денеска ги почнува консултациите со партиите за мандатар на новата црногорска Влада

Подгорица, 31 јули 2023 (МИА) – Црногорскиот претседател, Јаков Милатовиќ, денеска ќе ги почне консултациите за мандатарот за состав на новата влада. 

Во резиденцијата во Цетиње, Милатовиќ прво ќе се сретне со претставници на Движењето Европа сега (ПЕС), потоа со Демократската партија на социјалистите (ДПС), а потоа и со претставници на Новата српска демократија (Нова).

Иако има рок од 30 дена, Милатовиќ претходно изјави дека очекува консултациите да завршат пред предвидениот рок, односно во следните 15 дена. 

-Треба што поскоро да добиеме стабилна и европска влада. Јас ќе го сторам мојот дел и мислам дека треба да има доволно одговорност и сериозност од сите страни на политичкиот спектар, изјави Милатовиќ. 

Мандатарот ја соопштува својата програма во Собранието и го предлага составот на владата. За неговата програма и составот на владата парламентот одлучува истовремено. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан