• петок, 05 декември 2025

Милан го договори трансферот на Нкунку од Челзи

Милан го договори трансферот на Нкунку од Челзи

 

Лондон, 29 август 2025 (МИА) – Милан постигна договор со Челзи околу трансферот на Кристофер Нкунку за 36 милиони фунти, вклучувајќи бонуси, јавија денеска британските медиуми.

Францускиот 27-годишен напаѓач ќе потпише петгодишен договор со Милан и ќе прифати намалување на платата.

Договорот вклучува клаузула за процент од следната продажба во корист на Челзи. Со ова завршува двегодишниот престој на Нкунку на Стемфорд Бриџ.

Неговото заминување е дел од пошироката трансфер политика на Челзи.

Продажбата на Нкунку му овозможува на Челзи да истакне позитивен трансфер биланс. Ова лето, клубот заработи околу 309 милиони фунти од продажбата на играчи, додека донесените засилувања чинеа 277 милиони. Ова е важно и поради санкциите на УЕФА, кои вклучуваа казна од 31 милион евра, но и обврска за позитивен биланс за да можат новите фудбалери да бидат регистрирани за претстојната сезона во Лигата на шампиони.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан