• недела, 24 ноември 2024

Микати: На Либан му треба итен прекин на огнот

Микати: На Либан му треба итен прекин на огнот

Бејрут, 2 октомври 2024 (МИА) - Либанскиот премиер Наџиб Микати денеска изјави дека на земјата и треба итен прекин на огнот за да се запрат засилените судири меѓу Израел и групата Хезболах.

Тој истакна дека околу 1,2 милиони цивили се раселени низ Либан поради израелските напади.

„Престанете со борбите. Не ни треба повеќе крв. Не ни треба повеќе уништување“, рече Микати на брифингот организиран од американска лоби група за Либан.

„Постои потреба од итен прекин на огнот“, додаде тој. паг/

Фото: МИА архива

 



Остани поврзан