• петок, 22 ноември 2024

Мигранти почнаа штрајк со глад во близина на босанско-хрватската граница

Мигранти почнаа штрајк со глад во близина на босанско-хрватската граница
Сараево, 2 јануари 2020 (МИА) - Стотици илегални мигранти, блокирани на отворено во близина на босанскиот град Бихаќ, започнаа денеска штрајк со глад и одбија да се сместат во шатори, објавија локалните босански медиуми. Припадници на босанската војска вчера поставија десет големи шатори, како времено засолниште за околу 900 илегални мигранти. Сепак, мигрантите организираа протест барајќи подобро сместување. Тие одбија да ја прифатат храната обезбедена од Црвениот крст. Босанската Влада побара мигрантите да бидат сместени во поранешниот прифатен центар Бира во Бихаќ, но локалните власти категорично го отфрлија таквиот предлог. Уште еден обид за префрлање на мигрантите во напуштени бараки во близина на херцеговскиот град Кониќ, исто така, не успеа откако локалните жители во знак на протест го блокираа пристапот до објектите. гт/

Остани поврзан