• петок, 03 мај 2024

МИА од денеска почнува со објавување на интервјуата со претседателските кандидати, снимени во новото студио

МИА од денеска почнува со објавување на интервјуата со претседателските кандидати, снимени во новото студио

Скопје, 4 април 2024 (МИА) - МИА од денеска почнува со објавување на интервјуата со кандидатите за претседателските избори 2024 година.

Интервјуата се снимени во новоотвореното, трето студио на МИА, кое во иднина ќе биде поткаст студио за актуелни теми.

null

Во рамки на МИА интервјуата покана добија сите учесници во претседателката трка: Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска Цветковска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски, кои имаат можност да ги претстават своите изборни програми.

null

Од денеска стартува изборната кампања за седмите претседателски избори, а МИА ќе ги претстави програмите на кандидатите врз основа на кандидатските листи што ги утврди Државната изборна комисија.

null

За таа цел кандидатите кои ќе учествуваат на изборите, можат да достават сублимирана содржина на нивната изборна програма по електронска пошта на е-адресата на МИА mia@mia.mk. Текстот треба да содржи најмногу 6.000 карактери. миа/

Остани поврзан