МИА Најави - Свет
- 21 ноември 2025
21 ноември 2025
Путлос, Германија - Воена вежба на НАТО со германските сили и тестирање на системи против беспилотни летала.
Лондон - Изрекување казна на поранешниот лидер на Британската реформска партија во Велс, Натан Гил, за проруски изјави во Европскиот парламент во замена за пари.
Мадрид - Одбележување на 50-годишнината од крунисувањето на шпанскиот крал Хуан Карлос во парламентот и кралската палата.
Јоханесбург - Прес-конференција на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како дел од самитот на Г20, група составена од 19-те најголеми економии во светот, Европската унија и Африканската унија.
Тирана - Самит на лидерите на Западен Балкан.
Сараево - Се навршуваат 30 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна и Херцеговина.