• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД

20 јуни


Скопје -
11. Пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (Кристална сала /10:00)

Скопје - Регионална размена за поддршка на капацитетите на парламентарните истражувачки служби - Едукативен центар на Парламентарниот институт (10:15)

Скопје - Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши на која ќе даде отчет за сработеното во изминатите седум години (Сала Прв кат при Министерството за економија /11:00).

Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 19. седница (9:30)

Скопје - Свечено одбележување на 65-годишнината од основањето на Технолошко - металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (Простории на Факултетот /18:00; во 20:00 во Аулата на ТМФ ќе се одржи и модна ревија на студентите од Институтот за текстилно инженерство).

Скопје - Универзитетот „Мајка Тереза“ организира „Апсолвентијада“. (Универзитетски кампус на УМТ /10:00)

Скопје - Центарот за климатски промени (ЦКП) организира конференција „Мерки за енергетска ефикасност како одговор на енергетската криза и зголемена конкурентност“ (х.„Холидеј ин“ /10:00). 

Скопје - Меѓународен фолклорен фестивал „Св.Троица“ (Општина Илинден /19:00)

Скопје - Трето издание на Фестивалот на инклузија кој го организираат здруженијата Икуалити и Визија Плус со поддршка од Општина Кисела Вода (Парк Македонија /20:00).

Скопје - „Ателје Бојар“ организира промотивна групна изложба во новиот деловен простор на улица „Македонија“ која ќе биде во постојана поставка на ателјето. (Влез меѓу „Амигос“ и „Рома“ /19:30).

Крива Паланка - Самостојна изложба на слики на современиот академски визуелен уметник Зоран Арсовски – Бабата со наслов „Нови хоризонти” (НУ Центар за култура /19:30).

_____________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан