• четврток, 17 септември 2026
МИА Најави - МКД

30 мај 2026

Нови Сад - Свечена академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“ на која ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија Зорица Митровиќ, претседателката на покраинската влада на Војводина Маја Гојковиќ и премиерот на Република Србија Ѓуро Мацут. (Студентски културен центар/17:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу по повод Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи ќе одржат состанок со еснафските здруженија и заинтересирани страни. (Свечена сала во Владата/12:00)

Скопје - Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ќе го одржи редовното годишно Собрание. (седиште на ДПМ/12:00)

Скопје - Општина Кисела Вода и Здружението за унапредување на културно-забавниот живот, екологија и чиста околина „Посветен викенд“ го организираат првиот „Family Day - Football Edition“, во чии рамки ќе може да се проследи и финалето од Лигата на шампионите. (парк „Шопен“/програмата почнува од 12:00)

Скопје - Отворање на самостојната изложба „Светлосни фрагменти“ на Марија Рашковиќ. (Македонско село - Нерези, Галерија „ЕТНО МУЗЕЈ“, салон на првиот спрат/13.00)

Скопје - Промоција на сликовницата „Големиот сон“ од Денис Јанкуловски – Космонаутко. (Дом на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода/ 17.00)    

Скопје - Почнува Фестивалот на детски мјузикли што го организира  ЈУ Детски културен центар „Карпош“ (кино „Фросина“/19:00)

Скопје - Премиера на претставата „Првиот Македонец во вселената" на независниот театар „Штрих". („Јавна соба“/20:00)

Скопје - Отворање на фестивалот Викенд на гордоста – Скопје 2026 со групната изложба АНАРХИЧНИ ТЕЛА: согласност да не се биде едно, курирана од Славчо Димитров. (Музеј на современа уметност/20:30)

Тетово - Детска едукативна тура и забавни активности за најмладите пред утрешното 44. традиционално искачување на Титов Врв, во организација на Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово. 

Радовиш - Јубилејно 50. издание на Меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“. (плато пред спортската сала „25 Мај“/13:30)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа