МИА Најави - МКД
- 17 јули 2025
17 јули 2025
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 60. седница (11:00), 59. седница (11:10), 55. седница (11:20), 51. седница (11:30) и 43. седница (11:40)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (сала 6/10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (сала Борис Трајковски/10:30)
Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (Сала 4/10:45)
Скопје - Пратеници од германскиот Бундестаг во посета на Собранието на Република Северна Македонија. (стар кабинет/12:30)
Скопје - Потпишување на договори за инфраструктурни проекти со единиците на локалната самоуправа во рамки на вториот повик објавен од Владата по што прес-конференција ќе одржат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински. (Влада/12:00)
Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе ја посети медресата „Иса Бег“. (село Кондово/13:30)
Скопје - Прес-конференција на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и главниот извршен директор на Македонски телеком Горан Марковиќ по потпишувањето на Меморандумот за разбирање. (Влада/13:30)
Брисел - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе учествува на Форум на високо ниво за проширувањето насловен „Градење инклузивна иднина во проширена ЕУ: Улогата на социјалниот дијалог, граѓанското општество и вклученоста на младите“ што го организира Европскиот економско-социјален комитет (ЕЕСК).
Скопје - Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија ќе биде домаќин на 6. сесија на Работната група 6 – Антикорупција (Поглавје 5 – јавни набавки, Поглавје 18 – статистика и Поглавје 32 – финансиска контрола) во организација на Европското движење. (Клуб на пратеници/09:30 - 14:00)
Гевгелија - ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема „Инфраструктурен бум - Ги градиме темелите на промените“. (Градски плоштад/20:30)
Скопје - Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) организира завршна свеченост на програмата „Родум од Македонија 2025“. (Wineberry/19:30)
Скопје - Доделување на наградите „Гласник на невидливите 2025“. (Собрание бистро, ул. Даме Груев бр. 3, зад зградата на Парламентот/19:30)
Скопје - Проекција на македонскиот филм „Исцелител“ во рамки на програмата „Филм во фокус“. (Rooftop Open Air Cinema, Скопје Сити Мол/20:30)
Скопје - Отворање на изложбата „Кластер“ на Иван Ивановски. (Културно-информативен центар/20:00)
Софија - Претставување на литературните опуси на македонските поетеси Елизабета К. Питулкова и Гордана Каракашевска. (Македонски културно-информативен центар во Софија/18:30)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***