• среда, 02 октомври 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

2 октомври 2024 

Скопје - Собранието ќе ја одржи 16-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите. (Сала „Борис Трајковски“/10:30)

Скопје - Министерот за локална самоуправа Златко Перински ќе одржи прес - конференција по повод 100 дена нова Влада. (Медија центар на Влада/10:30)

Тетово - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе ја посети Клиничката болница во Тетово. (11:00)

Скопје - Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе се обрати на конференцијата по повод новоформираниот Дигитален центар за иновации во Северна Македонија – ДигитМак што ќе ја почне својата работа со јавен симпозиум „Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата“. (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство/9:30, изјави за медиумите/9:45)

Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе ја посети Националната опера и балет. (9:30, изјави за медиумите во 10:00)

Скопје - Седница на Судски совет на РСМ. (10:00)

Скопје - Седница на Уставен суд. (Уставен суд/9:30)

Скопје - Eкономски форум на жени лидерки - Women Economic Forum - Balkans 2024 во организација на Здружението на жени менаџери ЕЛИТ и Г100 Крилото за комуникација, застапување и медијација за Македонија, под глобалната франшиза на Women Economic Forum (WEF) и мисијата Г100 Милион. (х.„Мериот“/9:40, изјави за медиумите/9:20)

Струга - Меѓународна конференција „Енергетика 2024“ форум за споделување и размена на искуства и планови од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво.(х.„Дрим“/11:30)

Скопје - Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција за проектот „Кисела Вода - адреса за заеднички дом“. (Општина Кисела Вода/10:00)

Скопје - Прес-конференција на Коалицијата „Вреди“. (Прес-центар на Собрание/10:30)

Скопје - Прес-конференција на лидерите на Европскиот фронт. (х.„Холидеј ин“/12:00)

Штип - Прес-конференција на Гласен текстилец Штип по повод Текстилијада 8. (Простории на Гласен текстилец, Сутјиска 59/10:00)

Скопје - Доделување на наградите „Драги“ во рамки на јубилејното десетто издание на Фестивалот на европска литература „BookStar“ 2024. (Во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“/12:30)

Скопје/Велес - Промоција на книгата за деца и тинејџери „Шепотено“  на писателот  Павел Беренсевиќ.  (Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје/12:00,  ЕУ инфо центар Europe House во Велес/14:00)

Скопје - Изложба на сликарката Тања Таневска - „Време и простор 2001-2023“. (Мултимедијален центар „Мала станица“/20:00)

Скопје - Премиера на проектот „Безвременски прикаски“ во кореографија и режија на Ирена Лозинска. (Младински културен центар, кино „Фросина“/21:30)

Битола - Свечено отворање на ИНТЕРФЕСТ - интернационален фестивал на класична музика. (Народен театар/20:00)

Скопје - Свечено затворање на летната сцена „Славиша Кајевски“ при Македонскиот народен театар со концерт „Македонски подобро звучи - Едиција 4“ на „Архангел“. (21:00)

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан