• вторник, 07 мај 2024
МИА Најави МКД

30 јануари 2024

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала 6/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 4/13:00)

Скопје - Претседателот на Владата Талат Џафери ќе ја одржи првата седница со новоизбраниот  состав на техничката влада. (12:00; Снимателите и фоторепортерите ќе имаат можност за фотографирање и видеоинсерти на почетокот на седницата и треба да пристигнат во Медија-центарот на Владата најдоцна до 11:00 часот

Скопје - Претседателот на државата Стево Пендаровски на свечена церемонија ќе ги одликува македонистите Златко Крамариќ, Зузана Тополињска, Јоуко Линдстет, Јежи Русек (постхумно), Кшиштоф Вроцлавски (постхумно) и Далибор Брозовиќ (постхумно) со Медал за заслуги за Република Северна Македонија. (Музеј на македонската борба за самостојност /12:00, пристигнување на медиумите /11:30, директен пренос на Фејсбук и на Јутјуб-каналот на Претседателот)

Скопје - Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, директорoт на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, директорот на Дирекција за заштита и спасување, Беким Максут, ќе се обратат на завршна конференција на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“ во организација на Центарот за климатски промени. (х.„Александар палас“/10:00)

Скопје - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Дејан Мираковски, ќе се обратат на прес-конференција на тема „Соработка академија-бизнис: клуч за зголемена конкурентност преку воведување концепт на зелена и циркуларна економија“ во организација на Стопанската комора на Северна Македонија. (Стопанска комора на Северна Македонија, сала 3 на 3-ти кат/12:30)

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го одржи продолжението на 99 седница. (ZOOM платформата, https://us06web.zoom.us/j/86911345330?pwd=Wan0wA0mI3AtTh88PB5rrr6WgmJ89i.1/10:00)

Скопје - Транспаренси Интернешнл - Македонија ќе одржи хибридна прес-конференција на која ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2023 година. (Канцеларии на Транспаренси Интернешнл- Македонија/11:00 и онлајн https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZYocOmoqjkrEtEfgNTbl3z2mBxVQp3f0xvG)

Скопје - Промотивен настан „Важноста на функционалниот јавен радиодифузен систем за демократијата во Европа“ – дел од твининг проект финансиран од ЕУ кој го спроведува Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ). (х. „Мериот“ / 11:30)

Штип - Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија (АХВ) ќе спроведe симулациска вежба „Управување со жаришта на африканска чума кај свињите кај домашната и дивата популација свињи”. 

Штип - Манифестација „Спортист на годината“ за 2023 година. (Мултимедијален центар на Економскиот факултет при УГД/19:00)

_______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан