• недела, 22 декември 2024

МИА Најави - МКД

МИА Најави - МКД

18 декември 2023

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Панел-дискусија „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“, на која ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, претседателот на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија Андреас Шидер и претседателот на „ЕЛИАМЕП“, Лукас Цукалис. (Даут Пашин Амам/11:00)

Скопје - Институтот за демократија и Фондација Конрад Аденауер ќе промовираат два истражувачки труда со анализи на јавното мислење за процесот на пристапување на земјава кон ЕУ во 2023 година, за кои осврт ќе дадат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, Арбер Адеми, претседател на собраниската Комисија за европски прашања и Александар Николоски, претседател на Национален совет за евроинтеграции. (Еurope House/12:45)

Гевгелија - Заменик-претседателот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во работна посета Гевгелија.

- вицепремиерот Битиќи и министерот Николовски во 10:00 часот ќе извршат увид на финалните градежни активности за изградба на браната Конско. (локација брана Конско, по увидот во 10:30 часот, предвидена е заедничка изјава за медиумите)

Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе претседава со завршниот состанок на Партнерската комисија на САД-Јадранската повелба (А5) со кој се заокружува претседавањето на Северна Македонија со А5 за 2023 година.

-Прес-конференција на Бујар Османи и МНР на Албанија Игли Хасани (х. Хилтон/15:00-15:30, медиумите да пристигнат 40 минути пред пресот со цел навремено акредитирање)

-Состанок на Комисијата за партнерство, I-ва седница „20 години А5: Патот кон новата деценија и понатаму“(х. Хилтон15:30/16:45, можност за инсерти) 

Скопје - Прес-конференција на Мрежата за заштита од дискриминација во врска со јавната расправа за избор на членови на КСЗД. (пред Собранието, влез од Дом на АРМ/14:00)

Скопје - Бизнис Конфедерација на Македонија ќе ги презентира резултатите од анализата „Овозможувачка средина за дигитална трансформација на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во Северна Македонија“. (Хотел и СПА ПАНОРАМИКА/од 11:30 до 14:00/ изјави за медиуми во 11:15)

Скопје - Националната федерација на фармери ќе одржи средба со претставниците на медиумите. (Х. City Park/10:00)

Скопје - Завршна конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“. (Јавна соба/09:30-15:00,  изјави за медиумите од 10:15 - 10:45 )

Скопје - Скопје - „Диги образованиот хакатон“ на кој студенти ќе изнаоѓаат конкретни решенија за спроведување на брза и одржлива дигитализација во високото образование. („Млади Хаб“/изјави за медиуми 12:30)

Скопје - Предновогодишнен концерт „Jingle Bells Symphony“. (Македонска филхармонија/20:00)

Скопје - Работен брифинг на извршниот директор на РК Вардар 1961, Борко Ристовски. (х. „Русија“/11:00)

__________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан