• среда, 15 мај 2024
МИА Најави - МКД

30 јуни 2023 

Скопје - Собранието ќе ја одржи 119-та седница, на која ќе бидат поставувани пратенички прашања.  (11:00)

Леон - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе учествува на Конференцијата за одбележување на Меѓународниот ден на парламентаризмот во Леон, Шпанија.

Тепелена - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува на неформалниот Министерски состанок на Енергетска заедница што се одржува во Тепелена, Република Албанија.

Богданци - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ќе присуствува на официјалното отворање на нова подрачна канцеларија за социјални работи во Општина Богданци. (Канцеларијата е во непосредна близина на Општина Богданци/11:30)

Скопје - Почнува процесот на помирување помеѓу Управата за јавни приходи – работодавач и Синдикалната организација Солидарност со посредство на м-р Илија Манасиев – лиценциран помирувач и арбитер во работни спорови.  (простории на Управата за јавни приходи  - Генерална Дирекција на 2-ри кат/ изјава за медиуми 13 часот)

Скопје - Генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија Васко Стефанов ќе се обрати по повод потпишувањето договорот за инвестициски грант за проектот Фотонапонска електрана Осломеј I, којшто АД Електрани на Северна Македонија ќе го потпише со Водечката меѓународна финансиска институција (МФИ), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). (EU Delegation - EU House premises, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 52б/10:00)

Скопје - ХЕРА и Институтот за јавно здравје ќе одржат прес-конференција по повод официјалното претставување на веб-страница за методите на контрацепција. (х.„Турист - Бест Вестерн“/10:30)

Скопје - Прес-конференција на Коалиција Менуваме. (Министерство за образование и наука/12:30)

Скопје - Промоција на романот „Јазол“ од српскиот писател Дејан Алексиќ. (Градска библиотека „Браќа Миладиновци, спомен-собата на Миладиновци ‒ „Т’га за југ“/19:00)

Дојран - Почнува 13. летен музички фестивал „Д ФЕСТИВАЛ“ во Дојран. (10:00)

Крушево - Фестивал „When in Krusevo“. (Крушевско езеро/18:00)

Скопје - Руфтоп FIBA 3х3 баскет турнир во организација на Здружението „3×3 Basketball Skopje“ Македонија и Скопје Сити Мол. (Катна гаража во Скопје Сити Мол/17:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан