9 декември 2025
Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 73. седница. (Сала „Македонија“ / 11:00)
Скопје - Седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. (Собрание, сала „Борис Трајковски“ / 12:00)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на нов мултифункционален центар, кој се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром. (локација https://maps.app.goo.gl/i43DBhiy1AxBF59X9?g_st=ac /12:00, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски)
Скопје - Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, во официјална посета на Република Северна Македонија и на Армијата.
-По пречекот со високи воени почести, генерал-мајор Грегори Најт ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, и со министерот за одбрана Владо Мисајловски (официјален пречек со воени почести пред зградата на Генералштабот на Армијата / 10:00; сниматели и фоторепортери да пристигнат најдоцна до 09:40)
Скопје - Фондот за здравствено осигурување организира брифинг со новинари (ФЗО / 11:30; по завршување на брифингот, генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, ќе даде изјава за медиумите)
Скопје - Седница на Совет на јавни обвинители на РСМ. (14:00)
Скопје - Транспаренси Интернешнл-Македонија ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата со конференција на тема „Интегритетот како алатка во борбата против корупцијата“. (х. „Александар палас“ / 11:00; Изјави за медиумите во 10:40)
Скопје - Под мотото „Економија и проекти – сегашност и иднина", Сојузот на стопански комори на Македонија ќе го одбележи Денот на коморите. (ресторан „Парк“ / 15:00; Најавени се изјави на Горан Ѓорѓиевски - претседател на ССКМ, заменик-министерот за економија Марјан Ристески и Лазар Јовевски од Правниот факултет Скопје)
Скопје - Во рамки на Фестивалот на европски филм „Синедејс“, прес-конференција по повод филмот „Бело се пере на 90“ во режија на Марко Набрешник, во кој „Black cat production“ од Скопје е македонски копродуцент, со присуство на главната актерка Аница Добра и актерката Леа Цок, продуцентот Алеш Павлин и продуцентот од Македонија, Томи Салковски. (Младински културен центар / 10:30)
Скопје - Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2025 година по конкурсот организиран од „Арс Ламина“ и промоција на победничкиот роман „Кривата Дијана“ од Фросина Пармаковска. (Книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ / 19:00)
Скопје - Промоција на книгата „Оние работи: Есеи за женската сексуалност“ од хрватската авторка Јасна Жмак. (Простории на „Netaville“ / 19:30)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***