• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

3 ноември 2025

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 69-тата седница на која претседателот на ПССЕ, Теодорос Русопулос ќе има обраќање пред пратениците. (Сала „Македонија“/12:00)

Скопје - Делегација од Парламентарното собрание на Советот на Европа предводена од  претседателот на ПССЕ, Теодорос Русопулос во посета на Собранието на Република Северна Македонија.

-Тет-а-тет средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со претседателот на ПССЕ, Теодорос Русопулос. (10:25)

- Средба на делегацијата од ПССЕ со претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Сала Длаборез/10:40)

- Средба со Марија Петрушевска, шефица на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПССЕ, и членовите. (Сала на Уставна комисија/11:20) 

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 24-та седница. (https://zoom.us/j/92683864133?pwd=xWwpnpEGAc7HrR4hMPZzrfCvHgYizV.1/11:00)

Скопје - Прес-конференција на меѓународната мисија за набљудување на избори на ОДИХР за вториот круг од локалните избори во Северна Македонија. (х.„Хилтон“, конференциска сала "Платинум 1"/15:00, https://www.osce.org/odihr/elections/north-macedonia/595909)

 Скопје - Прес-конференција на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. (Простории на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев/ 11:00)

Битола - Balkan News Truck патувачка платформа што ја спроведува CFI – Француската Агенција за развој на медиуми во партнерство со Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, а со поддршка на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, во рамките на проектот Shared Horizons. (Широк Сокак, спроти кафе-бар Јагода/11:00-15:00)

Ранковце - Работилница на тема “Современо земјоделство со дронови - Практична демонстрација на користење на дронови за скенирање и прскање на земјоделски насад”. (с. Радибуш, Ранковце/9:30, https://maps.app.goo.gl/NgSz4nwXoJ7CRid7A), 

Гевгелија - Промоција на книгата „Одблесоци на сонот“ - збирка раскази и есеи од ученици од општина Гевгелија. (СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија/12:30

Битола - Уметничка изложба „Духовниот лик на Битола“ на уметницата Анкица Стевановска. (Народен театар, фоаје/19:00)

Битола - Ноќна атлетска трка на Широк сокак во Битола. (плоштад Магнолија/18:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан