• понеделник, 09 март 2026

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

9 март 2026

Штип -  По повод 83 години од депоратацијата на 7144 македонски Евреи во логорот Треблинка, собраниска делегација составена од пратениците Никола Мицевски, Душко Иванов и Благој Бочварски ќе положи цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи од Штип. (11:00

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците (сала Борис Трајковски/11:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет (сала Борис Трајковски/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно правна комисија. (сала 6/12:30)

Скопје - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски ќе одржи прес-конференција за медиумите. (прес центар на Владата/12:00)

Штип -  Министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“. (12:30, медиумите да пристигнат во касарната најдоцнa до 12:10)

Кочани - Министерот за здравство, Азир Алиу и градоначалникот на  Кочани, Владко Грозданов ќе ја посетат ЈЗУ Општа болница - Кочани, по што ќе има изјава за медиуми. (10:00)  

Липково - Министерот за локална самоуправа Златко Перински, амбасадорот на Швајцарија Кристоф Зомер и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП Армен Григорјан ќе ја посетат општина Липково, при што ќе се обратат на петтата форумска сесија  во училиштето Исмет Јашари (11.35) , по што ќе извршат увид во реализацијата на реконструкцијата на дел од речното корито во Слупчане. (12:00/ изјави за медиумите 12:20

Скопје - Вршителот на должноста амбасадор Бен Нупнау ќе го означи почетокот на низа панел дискусии за правата на жените кои ќе се одржуваат во текот на целата година - почнувајќи со Меѓународниот ден на жената и завршувајќи со Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените. (Јуроп Хаус - Скопје/ 12:00 до 13:30)

Скопје - Прес-конференција по повод претставувањето на Годишната театарска програма на Македонскиот народен театар за 2026 година. (Фоаје на МНТ/11:00)

______________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан