• петок, 05 декември 2025

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

5 ноември 2025 

Скопје - Едукативна активност „Имам став“ за ученици од средните училишта во организација на Парламентарниот институт. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/ 9:00 - 12:00)

Битола - Министерот за здравство, Азир Алиу, ќе ја посети Клиничката болница во Битола. (Клиничка болница, Отсек за интервентна кардиологија/14:00; изјава за медиумите по посетата) 

Скопје - Прес конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче. (Седиште на СДСМ/13:00)

Скопје - Четврта годишна конференција за здравство, во организација на Американската стопанска комора АмЧам под мотото „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“ на која ќе присуствуваат министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, директорот на Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД), Сабри Алити, директорот на Дирекцијата за е-здравство Фикрет Шабани и меѓународниот експерт Пракаш Џеј од Универзитетот на Тексас во Остин (САД). (х.„Хилтон“/9:00)

Скопје - Climate Action Network (CAN) Europe ќе одржи онлајн прес брифинг на англиски јазик за приоритетите и црвените линии на ЕУ пред COP30. (Од 13:00-13:45, линк за регистрација: https://us06web.zoom.us/webinar/register/WN_phO--LOVRpSbztJwD3iy8g#/registration)

Скопје - Прес-конференција по повод востановувањето на националната награда „Роксан Стојанов“ со воведно обраќање на францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер. (Француски институт/11:00)

Скопје - Раководството на Народната банка ќе одржи прес-конференција на која ќе ги презентира најновите макроекономски проекции. (Народна банка/12:45; пристигнување на медиумите до 12:30)

Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден на ромскиот јазик - 5 Ноември во организација на Кабинетот на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу. (Свечена сала во Влада/11:00)

Скопје - Изјава за медиумите на претставник на Независниот синдикат на Паркови и зеленило. (Крстосница на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“/10:30)

Скопје - Отворање на годинашното издание на Скомрахи со изведба на театарската претстава „Луѓе, места и нешта“. (Драмски театар/20:00)

Скопје - Поетска вечер ЕУРОМОНД 21 по повод Светскиот ден на ромскиот јазик во организација на Ромскиот културен и медиа центар БАРИКАНИПЕ. (Дом на културата „Кочо Рацин“/18:00)

Скопје - Доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски. („Дајмонд мол“, книжарница „Литература.мк“/19:00)

Њујорк - Отворање на изложбата Effortless (Природно) на Јана Луловска. (Gallery MC 545 West 52nd Street, New York, NY/18:00) 

Табор - Отворање на изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија. (Galerie U Radnice Martinka Husky54/17:00)

Солун - Светска премиера на филмот „Ритам на животот“ во режија на Америса Баста на 66. Меѓународен филмски фестивал во Солун.

Скопје - Премиера на театарската претстава КОСА: Порои на бес, во режија на Билјана Радиноска. (Театар Комедија/20:00)

Загреб - Отворање на Фестивалот на современата македонска книжевност со изложба на книги од хрватски автори преведени на македонски јазик. (Македонски КИЦ, Хебрангова 4/19:00)

Скопје - Мултимедијален концерт „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм Веселата војна“ во изведба на Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“. (КИЦ, Салон 19.19/20:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан