23 август 2021
Киев - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на основачкиот Самит на Кримската платформа.
Скопје - Прес-конференција на министерката за култура Ирена Стефоска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров за реализација на проектот за дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” – Скопје. (11:00/ https://youtu.be/YcD-Xlf_-R8)
Скопје - Свечената церемонија по повод одбележувањето на јубилејот - 20 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување - ЕБР. (Полициски центар „Ѓорче Петров“/10:00)
Скопје - Град Скопје ќе ја одбележи 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред
- историска едукативна тура за млади во Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработување на оружје за време на НОВ (1941-1944) во Скопје. (10:00)
Скопје - Советот на Град Скопје на седница ќе расправа за Извештајот за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2021 година.
Скопје - Македонска премиера на филмот „Сава“ на фестивалот „Македокс“. (Куршумли ан/23:00)
Скопје - Во Кинотека ќе бидат прикажани документарци за „Лајбах“ (20:00) и за „Панкрти“ (21:00), во рамки на августовската кинотечна програма. (Кино Мирно лето)
______________________________________________________________________________
МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини