• петок, 20 декември 2024

МЗ: Медиумите се еден од нашите најсилни и најсериозни партнери од почетокот на оваа криза

МЗ: Медиумите се еден од нашите најсилни и најсериозни партнери од почетокот на оваа криза
Скопје, 30 ноември 2020 (МИА) - Министерството за здравство соопшти дека жали за недоразбирањето, откако вчера до медиумите испратиле известување во кое појасниле дека ниту Министерството, ниту која било друга здравствена установа има издадено наредба или донесено одлука или сл. за забрана за снимање. Се надеваме дека дека Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) го разбираат притисокот под кој работат медицинските лица и сите останати служби во болниците, но Министерството за здравство отсекогаш се залагало и останува транспарентно во комуникација со новинарите и медиумите. Медиумите се еден од нашите најсилни и најсериозни партнери од почетокот на оваа криза, посочуваат од Министерството. Од Министерството за здравство потенцираат дека утре покануваат претставници на ЗНМ и ССНМ на состанок за да споделат со нив детали во однос на тешкотиите со кои се соочуваат во комуникација со одредени јавни здравствени установи. рп/дма/

Остани поврзан