• петок, 22 ноември 2024

МЗ ги анализира правните можности да покрене постапка против Сали

МЗ ги анализира правните можности да покрене постапка против Сали

Скопје, 16 август 2023

Зашто Беким Сали има страв од вистината?

Зошто Беким Сали на прес конференција ја лажеше целата јавност? Дали на тој начин сака да прикрие дека тој всушност 8 месеци не постапувал по случајот и се обидува да ја префрли вината на друг?

Дали Беким Сали знае кој бил министер кога се случил пожарот и кој ги водел постапките за набавка на амбулантите или зошто се плаши да им ги спомене имињата на оние кои тогаш биле на функција? Зошто и каков интерес има да ја извртува вистината и да ги штити претходниците?

Беким Сали се плаши да каже која е компанијата која ги има изградено модуларните амбуланти?

Имено, според документите во Министерството за Здравство, целосна лага е она што го изнесе Сали на прес конференцијата во која тврди дека го раскинал договорот со изведувачот. Напротив, Сали не само што не го раскинал договорот, туку ги примил амбулантите со што практично одобрил нивна исплата.

Досега од анализата на внатрешните документи, се гледа дека Сали НИКОГАШ НЕ ГО РАСКИНАЛ ДОГОВОРОТ, ги примил и одобрил амбулантите со што автоматски одобрил и исплата, а потоа решил да не плаќа со што генерирал долг и камата од 200.000 евра за граѓаните. Тој лично е одговорен за ова и за ова треба да сноси одговорност. Министерството ги анализира правните можности да покрене постапка против Сали за овој случај.

Министерството за здравство и министерот Меџити остануваат транспарентни по овој случај и во целосна коориднација и на располагање на институциите. Наш интерес е да се расчисти овој случај и процесира секој кој на било кој начин е одговорен за пожарот во тетовската модуларна болница. Сите документи кои досега беа доставени на барање на институциите, уште еднаш ги доставуваме до нив, односно до Обвинителството за организиран криминал и МВР и  секако oстануваме отворени за соработка со нив. Потсетуваме дека ниту еден денар не е исплатен за модуларните болници досега и постапката за решавање на овој предмет е во Владата, како мислењата од правобранителство, внатрешната ревизија и сите пропратни документи.

Министерство за здравство 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА

Остани поврзан