• понеделник, 23 декември 2024

До 30 јуни аплицирање за субвенции за обележани грла овци постари од 12 месеци

До 30 јуни аплицирање за субвенции за обележани грла овци постари од 12 месеци

Скопје, 22 јуни 2023 (МИА) - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци.

- Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства одгледувачи на овци, кои поседуваат минимум 30 овци, кои се постари од 12 месеци на денот на поднесување на барањето за поддршка и се евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на овци/кози, а истите ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по грло, соопштуваат од МЗШВ.

Оттаму посочуваат дека земјоделските стопанства можат да аплицираат и за дополнителна субвенција од подмерката 2.8. за обележани грла овци постари од 12 месеци, односно за подмерката 2.9.

- Корисници на дополнителни плаќања се земјоделските стопанства кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко, како корисници на подмерката 2.4 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година, корисници на подмерката 2.8 од Уредбата кои или предале или заклале јагниња во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, како корисници на померките 2.12 и 2.8 од Уредбата. Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 1.400 денари по грло, известуваат од МЗШВ.

Од Министерството ги потсетуваат земјоделците дека крајниот рок за поднесување на апликации за субвенции е до 30 јуни годинава.

Земјоделците барањата можат да ги достават секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на МЗШВ или електронски преку веб-страницата на Платежната Агенција. ир/бак/

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан