МЗТ убедливо го порази Работнички и си закажа полуфинале со Пелистер
- Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Гевгелија го совлада Работнички со убедливи 97:63. Ова беше последното четвртфинале од денешната програма на кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2025“.

Гевгелија, 13 февруари 2025 (МИА) – Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Гевгелија го совлада Работнички со убедливи 97:63. Ова беше последното четвртфинале од денешната програма на кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2025“.
МЗТ Скопје утре во полуфиналето ќе се соочи со Пелистер кој во четвртфиналето го победи Чаир со 76:72.
Домаќинот на турнирот, Кожув го совлада Куманово со 81:69 и обезбеди полуфинале против Гостивар кој беше поуспешен од ТФТ со 72:62.
Утре на распоредот се полуфиналните средби, прво во женска, а потоа во машка конкуренција. зс/
Фото: КФСМ