• понеделник, 13 мај 2024

МЗТ Скопје Аеродром му гостува на Будуќност во АБА-лигата

МЗТ Скопје Аеродром му гостува на Будуќност во АБА-лигата

Подгорица, 15 октомври 2022 (МИА) – По двата стартни порази против белградските екипи Црвена ѕвезда и Партизан, пред актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром денеска е нив предизвик во регионалната кошаркарска АБА-лига против Будуќност во Подгорица.

Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ, истакна пред вечерашното гостување дека неговите кошаркари ќе дадат максимум на паркетот против големиот фаворит, кој пред четири години ја освои шампионската титула во АБА-лигата.

Петровиќ може да смета на сите расположливи сили во тимот со исклучок на Адем Мекиќ, кој поради повреда остана во Скопје.

Дуелот меѓу Будуќност и МЗТ Скопје во рамки на третото коло од новата сезона е закажан со почеток во 19 часот. ег/дма/

Остани поврзан