• недела, 12 мај 2024

МЗТ Скопје Аеродром викендов го очекува настап во младинската АБА лига

МЗТ Скопје Аеродром викендов го очекува настап во младинската АБА лига

Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) – Претстојниот викенд во Златибор ќе се одржи младинскиот АБА лига турнир на кој противници на МЗТ Скопје Аеродром ќе бидат екипите на Студентски центар и Црвена ѕвезда.

- Поради правилата на АБА лигата кои налагаат настап на кошаркари родени од 2004 година па наваму, македонскиот тим ќе биде составен од играчи од МЗТ Скопје УНИ Банка и М18 селекцијата, соопшти денеска клубот од Аеродром.

Вкупно 12 екипи се поделени во четири групи, а дуелите во рамки на групата Б кошаркарите на МЗТ Скопје ќе ги одиграат в сабота од 19 часот против Студентски центар и в недела од 12:30 часот против Црвена ѕвезда.

Победниците од четирите групи напролет ќе играат фајналфор по кој ќе биде познатиот новиот младински шампион во регионалното кошаркарско натпреварување. ег/вг/

Остани поврзан