• среда, 20 ноември 2024

МЖСПП со унапредена соработка со Европската инвестициска банка

МЖСПП со унапредена соработка со Европската инвестициска банка

Скопје, 16 октомври 2024 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на денешната средба со директорот на канцеларијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Скопје, Бјорн Габриел, разговарал за тековната соработка и за унапредување на координацијата, со посебен фокус на инфраструктурата и проектите од сферата на транспортот, енергетиката и животната средина, области значајни за одржливиот развој на Северна Македонија и за постигнување на европските стандарди и напредок во реформите.

Меџити и Габриел, како што соопшти МЖСПП, разговарале за важноста на тековните проекти финансирани од ЕИБ, како што се Пречистителната станица во Скопје, како и за степенот на реализација на Проектот за подобрување на водената инфраструктура на општините во Северна Македонија.

Двајцата соговорници потенцирале дека соработката меѓу ЕИБ и Министерството за животна средина и просторно планирање во иднина ќе биде уште подобро координирана и ќе биде од конкретна корист за развојот на Северна Македонија.

Меџити потврдил дека ЕИБ е наш традиционален партнер и поддржувач на проектите кои се од конкретна важност за развојот на државата и кои придонесуваат во напредокот на евроинтеграцискиот процес. дма/сст/

Фото: МЖСПП

Остани поврзан