• недела, 22 декември 2024

МЖСПП: Повторен вонреден ненајавен надзор на емисиите во воздухот од емитерите на Цементарница „Усје“

МЖСПП: Повторен вонреден ненајавен надзор на емисиите во воздухот од емитерите на Цементарница „Усје“

Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина согласно Акцискиот план реализираа повторен вонреден ненајавен инспекциски надзор над работата на правниот субјект Цементарница Усје, Групација ТИТАН.

Како што соопштуваат од МЖСПП, во фокусот на овој вонреден инспекциски надзор била проверка на емисиите во воздухот од три стационирани извори (емитери) во кругот на фабриката.

- Дел од надзорот беа и претставниците на Одделението-Централна лабораторија за животна средина при Управата за животна средина кои извршија индикативно мерење на емисии од емитерите, кои дополнително ќе бидат анализирани и во текот на наредната недела ќе бидат објавени резултатите, стои во соопштението од МЖСПП.

Оттаму дополнуваат дека министерството и Државниот инспекторат за животна средина и во наредниот период интензивно ќе продолжат со примената на мерките од Акцискиот план, кои на предлог на работната група составена од претставници на МЖСПП и ДИЖС ги донесе Владата, за краткорочни мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции на воздухот.ар/лв/
Фото:МЖСПП

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан