• петок, 05 декември 2025

Меџити се сретна со шефот на Мисијата за набљудување на локалните избори на ОБСЕ/ОДИХР, Матео Мекачи

Меџити се сретна со шефот на Мисијата за набљудување на локалните избори на ОБСЕ/ОДИХР, Матео Мекачи

 26 септември 2025

Кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир Изет Меџити, денеска оствари средба со Матео Мекачи, Шеф на Мисијата за набљудување на локалните избори на ОБСЕ/ОДИХР,  се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

За време на средбата, се дискутираше за важноста на овие избори, за иднината на земјата и потребата тие да се одржат во мирна и безбедна атмосфера.

Меџити истакна дека максималната безбедност е неопходен предуслов, но пред се, суштински е граѓаните да имаат можност слободно и демократски да го дадат својот глас.

Тој истакна дека државните институции, граѓанското општество и сите политички актери имаат заедничка одговорност за обезбедување на транспарентен и правичен изборен процес, во согласност со највисоките меѓународни стандарди.

-Само на овој начин можеме да ја зајакнеме довербата на граѓаните во демократијата и да изградиме правна држава, изјави Меџити.

 

ВРЕДИ

Остани поврзан