• сабота, 13 декември 2025

Меџити: Секоја населба во Чаир е дел од мапата на инфраструктурни инвестиции

Меџити: Секоја населба во Чаир е дел од мапата на инфраструктурни инвестиции

Скопје, 30 август 2025

Првиот заменик-претседател на Владата и министер
за животна средина, a воедно и кандидат за градоначалник на Општина
Чаир, Изет Меџити, денеска одблиску ги следеше инфраструктурните
активности на улицата „Јашар Еребара”, во населбата Гази Баба во Чаир, се наведува во соопштението на Меџити што МИА го пренесува интегрално.

-Како што инвестираме во секој дел од Чаир, така и овде работиме на
подобрување на условите за живот на граѓаните. Речиси 3 милиони денари
се издвоени за реализација на еден значаен проект кој опфаќа: изградба
на нова водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација, како и
инсталирање на модерно улично осветлување, изјави Меџити за време на
увидот.

Тој потенцираше дека по завршување на сите подземни работи, улицата
целосно ќе се асфалтира, со што ќе се обезбеди нова и функционална
инфраструктура за жителите.

-Овој проект е дел од севкупниот план за инфраструктурен развој на
Општина Чаир. Се инвестира координирано – со средства од Општината, од
Министерството за животна средина, како и од Владата на Република
Северна Македонија, додаде Меџити.

Работите на улицата „Јашар Еребара” се одвиваат со добра динамика, а
нивното завршување се очекува наскоро. Оваа инвестиција ќе има директно
влијание врз подобрување на квалитетот на животот на жителите, како и
врз урбаниот развој на населбата Гази Баба.

Кандидат за градоначалник на Чаир Изет Меџити

фото: Изет Меџити

Остани поврзан