• недела, 22 декември 2024

Меџити: Радиологија е една од проблематичните точки во здравството,но работиме на решавање на проблемите

Меџити: Радиологија е една од проблематичните точки во здравството,но работиме на решавање на проблемите

Велес, 24 јануари 2024 (МИА) - Радиологија е една од најпроблематичните точки во здравството, но работиме на решавање на проблемите, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, при денешната посета на велешката ЈЗУ Општа болница одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот демант од Државниот завод за ревизија на неговата изјава за искористеноста на магнетната резонанца.

-Вие сте сведоци дека во неколку наврати ние веќе интензивно десет месеци работиме, како со другите проблематики така и со проблемот за радиологија. Јас уште на почетокот кажав дека ќе ја централизираме сета радиологија која ќе биде во Ккиниката за радиологија и нема да има потреба од радиолози во целата држава, туку само техничари коишто ќе го вршат тоа снимање и онлајн нашите колеги радиолози ќе можат да ги прочитаат. Но, тоа е процес што трае и ние сме многу внимателни кога ќе донесеме фактички одлука како тоа понатаму да го решаваме. Затоа и стојам на зборот, ние го земавме извештајот од Државниот завод за ревизија и пред две недели државниот ревизор беше кај мене во кабинет и ние по моја иницијатива потпишавме меморандум со Државниот завод за ревизија и целта ни е како кабинет и министерство за здравство повеќе да нема пропусти и злоупотреби. Јас кажав и тогаш и сега повторувам овие приблеми ние нема да ги решаваме преку ноќ, но макотрпно работиме за да се решаваат, потенцира Меџити.

Воедно додаде дека на Универзитетските клиники во комплексот „Мајка Тереза“ единствен дефицит има на радиолози и друг кадар во Клиниката за Радиологија и дека работат на решавање на проблемот.

-Знаете радиолог не може да создадете преку ноќ и еден месец, тие се специјализации кои траат подолго, но затоа целта на овој процес кој ние како министерство веќе го водиме  и мислам дека за кратко време ќе имаме и конкретен резултат и ќе бидете известени како ќе постапиме понатаму. Дека има пропусти и злоупотреби има, јас првиот кажав дека здравството  е во тешка состојба, но вие сте сведоци и целата јавност и сите пациенти дека ние ја дисперзиравме целата апаратура низ целата држава, потенцира Меџити.

Воедно додава дека тој лично се изборил за  тие 1 117 вработувања за кои сите подготовки се при крај. ад/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан