Меџити: Охридскиот рамковен договор e основа за меѓуетничка еднаквост и стабилност на земјата
- Бадинтер и Охридскиот рамковен договор се темелите на државата, истакна Меџити, се наведува во соопштението на Вреди кое МИА го пренесува интегрално
Скопје, 30 август 2025
Бадинтер и Охридскиот рамковен договор се темелите на државата, истакна Меџити, се наведува во соопштението на Вреди кое МИА го пренесува интегрално
„Ние сме во кампања за локални избори и треба да се занимаваме со проблемите на граѓаните. Кога ќе дојдат парламентарните избори, ќе се занимаваме и со тие теми. Што се однесува до изјавите на Димитриевски, веројатно тој се занимава со филмови од пред 2001 година. Тие филмови завршија. Бадинтеровото мнозинство и Охридскиот рамковен договор се темелите на државата. Тоа е иднината. Сe друго е стар филм и дел од минатото“, изјави Меџити.
Според него, почитувањето на Охридскиот рамковен договор и механизамот на Бадинтер останува основа за меѓуетничка еднаквост и стабилност на земјата.
Центар за комуникации на Вреди